Прва лигаФудбал

ФОТО: Башкими со прва победа, Шкендија рутински низ Ѓорче

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига, екипата на Башкими стигна до првата победа по враќањето во елитата, славејќи со 0-2 на гостувањето кај Работнички, додека шампионот Шкендија со комбиниран состав убедливо го совлада Македонија ЃП во Ѓорче Петров (1-3).

На арената „Тодор Проески“ во Скопје, подмладениот Работнички имаше иницијатива и неколку шанси на стартот, но токму кога делуваше поопасно – следеше казна. Во 36. минута, несреќен автогол на Лука Робакидзе донесе водство за гостите од Куманово. Во второто полувреме Работнички продолжи да притиска, но голманот Амир Јашар блескаше на голот.

Дилемите околу победникот ги реши Ресул Мемети со прекрасен погодок во 78. минута за конечни 0-2. За „романтичарите“ ова е продолжение на лошата серија – без постигнат гол на четири официјални меча.

Во Ѓорче Петров, Шкендија покажа зошто е актуелен шампион. Тетовци уште во 9. минута поведоа преку Фитон Адеми, а потоа домаќинот остана со играч помалку по исклучувањето на Карлос Кабаркас. Со бројчана и резултатска предност, Шкендија рутински го контролираше натпреварот.

Ендрит Красниќи во 54. минута реализираше пенал за 0-2, а Фабрис Тамба во 68. минута зголеми на 0-3. Македонија ЃП во самиот финиш само го ублажи поразот преку искусниот Дарко Глишиќ (1-3).

ФОТО: ФК Шкендија

Со овој триумф, Башкими запиша први бодови по враќањето во лигата, додека Шкендија ја продолжува победничката серија и со две победи во првите две кола ја потврдува фаворитската улога во шампионатот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во Првата македонска фудбалска лига. Штипјани на гостински терен имаат лош учинок,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!