Втора лигаФудбал

ФОТО: Успешна генералка за Осогово – минимална победа против Беласица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Осогово имаше успешна „генералка“ откако вчера на градскиот стадион во Кочани со минимални 1:0 славеше над Беласица.

Стрелец на победничкиот гол за „жетварите“ беше новото засилување Давид Голубов, а кој погоди во 50. минута од мечот.

Овој меч беше последен тест и за двете екипи да ја проверат формата за фудбалерите, Крсте Крстев и Александар Стојанов како предводници на екипите имаа можност за последна проверка пред стартот на новата сезона во Втората лига следната сабота на 23 август.

ФОТО: Спортска Мрежа

Осогово сезоната ја отвара со дербито во Македонска Каменица против Каменица Саса, а пак Беласица гостува кај Охрид во дербито на првото коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!