Турнири

Фудбалски спектакл со рекордни голови на “Подареш 2025” – победничко шоу на Фреит Оне

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Синоќа на турнирот во мал фудбал “Подареш 2025” беа постигнати рекордни погодоци во натпревари кои понудија огромна неизвесност, а публиката имаше можност да проследи и пенали.

Во првиот меч екипата на Фурна Марфи загуби од Фреит оне & KP Gebäudereinigung GmbH со резултатот од 3:4.

Во вториот меч одново настапи Фреит Оне, но за разлика од првиот, овој натпревар донесе многу поголема динамика со активна игра и неизвесности на теренот. Фреит Оне & KP Gebäudereinigung GmbH и екипата на Ан Са и Перо и Тајфата ремизираа играјќи 7:7 во регуларниот дел, додека пак во пенал серијата подобар беше тимот на Фреит Оне со 2:1.

Во третиот меч беа постигнати девет гола, Греенс Ресторан беше немоќен, Инсајд Стил го доби мечот со убедливи 2:7.

Вечерва од 20:30 часот Младите надежи на ФК Детонит Плачковица од генерација 2014.

Од 21:30 часот соочување на Еуро Дом Проект против Алекс Сим, а пак од 22:30 часот Еуро Дом Проект ќе игра со Ас Мк.

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ОФС Прилеп го објави распоредот за плеј-оф и плеј-аут: финалето на 13 мај

Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп го објави официјалниот распоред за завршницата од сезоната, односно натпреварите од плеј-офот и плеј-аутот, кои ќе го дадат шампионот...

Ракомет

Четвртфинале со тежина: Вардар 1961 против европскиот гигант- Монпелје

Македонскиот шампион Вардар 1961 вечерва го отвора четвртфиналниот двомеч во Европската лига со гостување кај францускиот гигант Монпелје – дуел што носи тежина...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!