Турнири

Отворени пријавите за Ноќниот турнир во мал фудбал „Мустафино 2025“

Сподели
Сподели

Село Мустафино повторно ќе биде домаќин на возбудливиот ноќен турнир во мал фудбал, кој ќе се одржи по повод празникот Голема Богородица. Турнирот ќе трае од 19 до 28 август 2025 година, а љубителите на спортот ќе имаат можност да уживаат во натпревари исполнети со страст, фер-плеј и многу возбудливи моменти.

  • Организацискиот одбор најавува впечатлив награден фонд:
    🥇 1 место – 80.000 денари
    🥈 2 место – 30.000 денари
    🥉 3 место – 15.000 денари

Котизацијата за учество изнесува 3.500 денари, а пријавувањето е отворено до 17 август 2025. Ждрепката за групите ќе се одржи на 18 август, додека турнирот официјално ќе започне на 19 август.

За повеќе информации и пријавување, заинтересираните екипи можат да ги контактираат организаторите: Александра на 078 459 411, Ненад на 078 407 240 и Марјан на 078 391 720.

Љубителите на малиот фудбал веќе со нетрпение го очекуваат почетокот на „Мустафино 2025“, кој ветува незаборавна спортска фешта во срцето на летото.

Спортска Мрежа годинава по првпат медиумски ќе го поддржи овој турнир во мал фудбал, а секоја вечер ќе имате можност на Спортска Мрежа да ги следите резултати и сите случувања од овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Четвртфинале со тежина: Вардар 1961 против европскиот гигант- Монпелје

Македонскиот шампион Вардар 1961 вечерва го отвора четвртфиналниот двомеч во Европската лига со гостување кај францускиот гигант Монпелје – дуел што носи тежина...

Останато

ФОТО: Одбојкарски турнир во Радовиш по повод патрониот празник на СОУ „Коста Сусинов“ – домаќинот до трофејот

По повод патрониот празник на СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, се одржа одбојкарски турнир во кој учество земаа средното училиште домаќин и три...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!