Прва лигаФудбал

Познат распоредот за второто коло во ПМФЛ: Колото се отвара во петок со два меча се затвара во понеделник со еден натпревар!

Сподели
Сподели

За разлика од првото коло во второто коло на Првата македонска фудбалска лига нема да има натпревар под рефлектори односно во ноќен термин.

Натпреварите ќе се играат во четири дена, односно колото ќе се отвори со два натпревари во петок, а ќе се затвори со еден натпревар во понеделник, а сите натпревари ќе започнат во 17:00 часот.

Во петок Тиквеш на домашен терен ќе игра со Вардар, а пак Арсими против Струга Трим Лум.

Во сабота екипата на Македонија ЃП на домашен терен ќе игра со шампионот Шкендија, Работнички ќе го пречека Башкими.

Недела на програмата ќе биде само еден натпревар, Шкупи ќе игра против Силекс, а колото се затвара во понеделник со мечот меѓу Брера Струмица и Пелистер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!