ФудбалЧетврта лига

Млекар и Козара со високи победи, Прилеп Сити го доби Напредок Крушеани

Сподели
ФОТО: ФК Млекар
Сподели

Во рамки на 6. коло од Општинската фудбалска лига А1 односно Прилеп или Четврта лига, каде екипите не Млекар и Козара однесоа високи победи.

Стрела на домашен терен немаше сили да парира на одличниот тим на Млекар кој запиша победа со 0:3, откако славеше со головите на Радиновац, Ачкоски и Спасески кои стрелаа во првиот дел.

Победа од 3:0 забележа и Козара од Заполжани откако славеше над Корзо. Костадиноски постигна гол во 8. минута за 1:0, а Ристески за 2:0 на полувреме во вторито дел Јончески постигна гол за конечни 3:0.

Најнеизвесно беше на дуелот меѓу Прилеп Сити и Напредок Крушеани, каде домашниот тим со 2:1 однесе победа. христијан Илиески во 43. минута погоди за 1:0 на полувреме. Во вториот дел од натпреварот Валентин Ѓоргоски погоди во 66. минута за 1:1 со што гостинскиот тим влезе во борба за трите бодови, сепак брзо по само пет минути игра Далибор Милески ги постави конечните 2:1.

Во оваа коло слободна беше екипата на Кадица.

Во однос на табелата токму Кадица со максимални 6 бодови е на врвот од табелата, по четири бодови имаат Стрела која е втора, Козара е трета, а пак Прилеп Сити е четврти исто така со 4 бодови.

Млекар е петти со три бодови, а пак Корзо е шести со три бодови, додека пак на дното со еден бод е поранешниот третолигаш Напредок Крушеани.

Во рамки на 3. коло од Општинската фудбалска лига А2 Прилеп , убедлива победа од 1:3 однесе Динамо над Братство Големо Коњари.

На полувреме гостинскиот тим имаше предност од два погодоци односно 0:2, откако Тодоровски постигна гол во 6. минута за 0:1, а Талески во 43. минута за 0:2.

Во второто полувреме домашниот тим преку Божиноски намали на 1:2 и со тоа се врати во игра барем за реми, но во 90. минута Тодороски со втор гол ги постави конечните 1:3.

Пролетер на домашен терен со 2:1 запиша победа над Боротино преку пресврт, откако гостинскиот тим со голот на Боболески во 36. минута поведе со 0:1, а пак Усеиноски погоди за 1:1 на полувреме.

Во второто полувреме од натпреварот кој се играше на теренот со вештачка трева во Прилеп се водеше борба за гол кој би донел три бодови, а домашниот тим во 82. минута успеа да дојде до својата цел откако Демироски постигна гол за комплетен пресврт и конечни 2:1.

Четири погодоци и реми за поделба на бодовите откако Кадино од Прилеп и Гарван Десово ремизираа играјќи 2:2.

Ферат Амедоски беше двоен стрелец за домашниот тим, а за гостинот стрелци беа Малиќ Рамовиќ и Сади Османоски. Гостинскиот тим имаше водство од 0:2, а потоа домаќинот намали на 1:2 на полувреме, по што домашниот тим во вториот дел дојде до конечните 2:2 и поделба на бодовите.

Во рамки на оваа коло слободна беше екипата на Црвена Звезда.

Во однос на табелата лидер е Гарван Десово со седум бодови, Црвена Звезда од Сенокос е на второто место со шест бодови, а пак Кадино Прилеп е трет со четири бодови.

Динамо е на четвртото место со три бодови, а толку бодови имаат Братство Големо Коњари, Пролетер од Прилеп, а без бодови е Боротино кој е на дното.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!