Трета лигаФудбал

Со 14 екипи на 8. септември започнува новата сезона во Трета лига – Југ

Сподели
Сподели

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Југ ќе започне на 8. септември со 14 екипи, што значи поголем број на екипи од ланската сезона.

Веќе е познат распоредот за новата сезона, нови екипи кои ќе настапуваат во Трета лига – Југ се Башкими, Влазними, Венец и Дреново.

Во првото коло екипата на Бучин на домашен терен ќе игра со Превалец, Ултрас ќе биде домаќин на Младост од Кривогаштани, новиот третолигаш Башкими против екс второлигашот Росоман ќе ја стартува новата сезона.

Марена против некогашниот второлигаш Обршани, соочување на новајлиите Влазними и Венец, новиот третолигаш Дреново против Слога, а пак Питу Гули ќе игра против Големо Коњари.

Есенската полусезона во Трета лига – Југ треба да заврши на 1. декември, кога ќе бидат одиграни натпреварите од последното есенско коло.

Минатата сезона шампион во Трета лига – Југ беше екипата на Борец од Велес, која преку баражот го совлада шампионот на Трета лига – Запад екипата на Велазерими од Кичево и со тоа се врати експресно во Втора лига.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!