Трета лигаФудбал

Поголема минутажа за младите фудбалери во Третата лига сезона 2025/26

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во сезоната 2025/26, Третата македонска фудбалска лига воведува нови правила со цел поголема минутажа за младите играчи. Секој клуб учесник мора да има во составот најмалку четири фудбалери кои немаат наполнето 21 година.

Тоа што го најави Спортска Мрежа кон средината од месец јули, сега се потврдува.

Според пропозициите, натпреварот мора да започне и првото полувреме да заврши со најмалку тројца играчи под 21 година. Исклучок од ова правило е можен само во случаи на епидемија, пандемија или доколку екипата остане со само единаесет фудбалери кои не можат да настапат.

За сезоната 2025/26, како фудбалери под 21 година се сметаат сите родени на или по 1 јануари 2004 година. Овие играчи ќе имаат право на настап во оваа категорија во текот на целата сезона.

Во Третата лига не е дозволено учество на странски фудбалери. Исто така, секој играч во рок од 48 часа може да одигра најмногу три полувремиња, од кои најмногу две во период од 24 часа.

 Третата лига моментално е поделена на пет региони: Исток, Запад, Југозапад, Север и Југ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

По Еурофарм Пелистер, европски испит: Алкалоид има три дена до Горење

Победата над Еурофарм Пелистер со 30:28 му даде силна увертира на Алкалоид пред следниот европски предизвик. Тимот од Автокоманда в недела, на 22...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија против Кипар во баражот за опстанок во Б Лигата на нации

Репрезентацијата на Македонија го доби противникот во баражот за опстанок во Б конкуренцијата од Лигата на нации. Македонската селекција во март следната година...

Поврзани написи
Фудбал

Чеферин: Со Масар имаме одлична соработка, македонскиот фудбал е во добри раце

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската...

ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!