Турнири

Стартува турнирот во Речица – големи фудбалски имиња на едно место!

Сподели
Сподели

Со цел промоција и унапредување на женскиот фудбал во Куманово, под покровителство на Општина Куманово и ОФС Куманово, денес започнува традиционалниот турнир во женски фудбал „ЖФК Речица 2012 – 2025“.

Турнирот ќе се одржи на стадионот во село Речица, кој располага со современ спортски комплекс – голема и покриена трибина, рефлектори за вечерни натпревари, гардероби, теретана и сместувачки капацитети за играчите.

Годинава учество земаат четири силни екипи: домаќинот ЖФК Речица, поранешниот шампион ЖФК Каменица САСА, актуелниот шампион ЖФК Љуботен од Тетово и најтрофејниот клуб во Србија – ЖФК Машинац од Ниш.

Вечерва се играат двете полуфиналиња под рефлектори:

18:00 ч. ЖФК Машинац (Ниш) – ЖФК Љуботен (Тетово)

20:00 ч. ЖФК Речица – ЖФК Каменица САСА

Утре (10 август) на програмата се:

17:30 ч. Натпревар за трето место

19:30 ч. Финале

Сите натпревари, освен финалето, ќе се играат по 2×40 минути, додека финалниот меч ќе трае стандардно – 2×45 минути. Во случај на нерешен резултат, веднаш ќе се изведуваат пенали.

Организаторите предвидоа и богати награди: пехари за прво до четврто место, како и индивидуални признанија за најдобар играч, стрелец, голман, млад играч и најдобар судија.

Очекувајте два дена врвен женски фудбал, силна конкуренција и спектакуларна атмосфера во Речица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!