ИнтервјуМагазинРакомет

ИНТЕРВЈУ | Ѓорѓески: Тренираме напорно и во одлична атмосфера, очекувам да стигнеме што подалеку во ЕХФ Купот!

Сподели
Сподели

После подолгата пауза за одмор, веќе сме на прагот од новата сезона, која ќе донесе многу возбудувања во македонскиот ракомет. Оваа сезона конкуренцијата во Супер лигата ќе биде особено силна, а Охрид гради амбициозен проект со високи цели и амбиции. Денес, во фокусот е 31- годишниот ракометен голман  – Спортска Мрежа направи интервју со искусниот чувар на мрежата на ГРК Охрид- Даниел Ѓорѓески.

Ѓорѓески е родум од Гостивар и во текот на својата кариера настапувал за неколку македонски ракометни клубови, меѓу кои Вардар Јуниор, Вардар и Еурофарм Пелистер од Битола. Исто така, беше дел и од тимот на Металург.

Има стекнато искуство настапувајќи во СЕХА лигата и европските натпреварувања. Исто така, две сезони ги поминал во унгарскиот Будакалас, каде што бележел одлични настапи. Моментално ја игра својата трета сезона во градот под Самуиловата Тврдина и со своите блескави интервенции сè повеќе се докажува како одличен голман.

Го прашавме какви се неговите очекувања за неговиот тим, дали веќе успеаја да се запознаат, воиграат, каква е „хемијата“ во тимот. Свое мислење даде и во врска со целите и амбициите на клубот оваа сезона..за очекувањата во Супер Лигата, како и за ЕХФ Европскиот Куп. Во продолжение ви го доловуваме нашиот разговор со него.

  • Имено, ГРК Охрид во претстојната сезона, влегува со нов тренер, голем број квалитетни засилувања, како домашни, така и странски..останаа голем дел стандардни и одлични играчи од претходно, меѓу кои си и ти. Како ги оценуваш досегашните подготовки, дали се чувствува онаа потребна хемија меѓу вас како тим? Знаеме дека е потребно повеќе време да се воиграте, но ете, ако ,, денот по утрото се познава ”..некогаш таа хемија и енергија се чувствуваат уште веднаш.

,,Па, според мене, подготовките досега се одвиваат во една одлична работна атмосфера, тренираме напорно, сите го даваат својот максимум. Имаме доста нови играчи, нов тренер.. секако дека е потребно време да се вклопиме сите, да се воиграме, но најбитно е дека во тимот владее една позитивна енергија и атмосфера. “

ФОТО: ГРК Охрид
  • Како дел од подготовките ќе ви послужат Струшкиот турнир, а исто така и меморијалниот турнир ,,Крсте Андоновски” , на кој сте и домаќини..па какви се твоите очекувања во однос на двата турнири?

,,Овие два турнири ќе ни дојдат многу добро пред почетокот на сезоната, каде ќе имаме можност да се воиграме. Ќе имаме доста натпревари, каде прва цел ќе биде да се воигра тимот и да се проба на терен сето она што го работиме на тренинзите, за да можеме максимално подготвени да го дочекаме првенството. “

  • Моментално сте тројца голмани во тимот..Бобан Ристевски си замина од клубот, но имате ново квалитетно засилување на таа позиција- Бојан Блажески кој доаѓа од РК Бутел, и се очекува дека многу ќе придонесе  да го ,, одбраните ” достоинствено голот на Охрид оваа сезона..дали се вклопивте и синхронизиравте меѓусебе?

,,Секако дека придонесите од голманите се многу важни, ние тројца одлично функционираме, а со Бојан се знаеме и од претходно, па така, не беше тешко да се вклопиме сите заедно и мислам дека достоинствено ќе го браниме голот. Исто така, верувам дека секој од нас ќе го даде својот максимум за да ги оствариме нашите тимски цели. “ – смета голманот.

ФОТО: ГРК Охрид
  • Веќе втора година по ред ќе играте во ЕХФ Европскиот Куп, годинава со екипата на Баку од Азербејџан, и тоа двете средби ќе бидат одиграни на домашен терен, што претставува предност за вас. Рано е да се каже, но какви се твоите лични очекувања во однос на ЕХФ Европскиот Куп оваа година?

,,Да, против Баку ги играме двата натпревари на домашен терен, што за нас претставува голема предност и очекувам да го минеме второто коло без некои поголеми проблеми.. и секако, да стигнеме што е можно подалеку во ЕХФ Европскиот Куп. “

ФОТО: ГРК Охрид
    • Со оглед на тоа што имате нов тренер, нов стручен штаб и помошни тренери, а со тоа и нов пристап и стратегија, што очекуваш од Супер лигата оваа сезона? Дали сметаш дека конечно би можеле да го направите тој мал исчекор што лани можеби и ви недостигаше, особено на домашен терен против големите фаворити- Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид?


,,Оваа сезона имаме релативно нов тим и нов тренер, па како што веќе кажав- ќе ни треба време да се воиграме и навикнеме на новиот начин на работа, но сепак, сметам дека оваа сезона имаме доста квалитетни засилувања и мислам дека сите заедно ќе успееме да го направиме тој мал исчекор, посебно на домашен терен и дека ќе се бориме за што повисок пласман во лигата. “ – истакнува Ѓорѓески.

  • Благодариме за интервјуто и одличната соработка, и ти посакуваме многу успех во новата сезона, како индивидуален, така и тимски.

Новата сезона која започнува на 6 септември екипата на Охрид ја отвара против Алкалоид во Автокоманда.

 

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!