Турнири

Голем фудбалски турнир: ЖФК Речица домаќин, доаѓаат Саса, шампионот Љуботен и гигантот Машинац од Ниш

Сподели
Сподели

Со цел промоција и унапредување на женскиот фудбал во Општина Куманово, под покровителство на Општината и ОФС Куманово, ЖФК Речица го организира традиционалниот турнир во женски фудбал „ЖФК Речица 2012 – 2025“.

Турнирот ќе се одржи на 9 и 10 август на стадионот во село Речица, Куманово.

Учесници на турнирот ќе бидат домаќинот ЖФК Речица, поранешниот шампион ЖФК Каменица Саса, актуелниот шампион ЖФК Љуботен од Тетово, како и српскиот гигант ЖФК Машинац од Ниш, кој е најтрофеен клуб во Србија.

Натпреварите ќе се играат под рефлектори. Во сабота (9 август), првиот натпревар започнува во 18:00 часот, а вториот од 20:00 часот. Во недела (10 август), натпреварот за трето место ќе започне во 17:30 часот, додека финалето е закажано за 19:30 часот.

Сите мечеви, освен финалето, ќе се играат по 2×40 минути. Финалниот дуел ќе се игра стандардно – 2×45 минути. Во случај на нерешен резултат, ќе се изведуваат пенали без продолженија.

Организаторот предвидува и поединечни и екипни награди – пехари за прво, второ, трето и четврто место, како и награди за најдобар играч, најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар млад играч.


ЖФК Речица е клуб што настапува во Првата женска фудбалска лига и располага со сопствен модерен спортски комплекс – фудбалски терен со голема трибина, покриена трибина, рефлектори за вечерни натпревари, гардероби, теретана, како и капацитети за сместување на играчи.

Спортска Мрежа наскоро ќе реализира специјална емисија посветена на спортскиот комплекс и на ЖФК Речица, со цел подетално да го прикаже развојот на клубот и инфраструктурата која го издвојува на домашната сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!