Втора лигаФудбал

Вардар Неготино подобар на пријателскиот меч со Големо Коњари

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Екипата на Вардар Неготино забележа триумф од 3:0 против новиот второлигаш Големо Коњари на „Цвај арената“ во Неготино, а кој меч е во рамки на летните подготовки за новата сезона во Втората лига која ќе започне на 23 август.

Екипата на Големо Коњари на овој меч не беше комплетна и имаше неколку отсутни играчи што влијаеше на смата игра. Првиот гол беше дело на Борче Ристов, вториот гол го постигна Насаф Шабанов, а пак третиот гол Аделин Казимов.

Тренерите Горан Стојановски на Вардар Неготино и Јовица Блажески на Големо Коњари имаа можност да ја проверат формата на сите играчи.

Новата сезона екипата на Вардар Неготино ја отвара против Тетекс на домашен терен, а пак Големо Коњари на домашен терен стартува со Детонит Плачковица.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за настап на квалификации за ЕП

Селекторот на женската репрезентација до 19 години, Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки кои се во конкуренција за настап на квалификацискиот турнир...

Ракомет

Пелистер ја врати неизвесноста во групата: по Гумерсбах, следува директен дуел со Гдањск

Победата над Гумерсбах со 29:28 ја промени европската перспектива на Еурофарм Пелистер. Битолчани стигнаа до три бода, а германскиот состав остана на четири...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера како апсолутен фаворит против „фенерџијата“ Кочани, Скопје ќе го пречека Вардар

Викендот со мечевите од 14. коло завршува есенската полусезона во Првата женска...

Прва лигаФудбал

Лидерот Струга гостува во Штип, дерби на Вардар и Тиквеш, Силекс ќе бара бодови против Шкендија

Репрезентативната пауза заврши, фокусот е на 14. коло од Првата македонска фудбалска...

Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!