Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена во вториот пријателски натпревар со Бугарија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонската одбојкарска репрезентација загуби со 0:3 (19:25, 23:25, 21:25) во вториот пријателски натпревар против селекцијата на Бугарија, кој се одигра во салата „Левски“ во Софија. Средбата беше одиграна зад затворени врати.

По договор меѓу селекторите, беше одигран и дополнителен четврти сет, кој македонските одбојкари го загубија со 25:27.

По солидниот настап на првиот натпревар, оваа средба имаше низа на слабости во играта и тактиката на тимот, на кои ќе треба да се посвети внимание пред квалификациските дуели против Грција и Грузија. Селекторот Јошко Миленкоски им даде шанса на сите играчи кои ги имаше на располагање.

Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен со 14 поени, додека Стојан Илиев и Лука Костиќ запишаа по 10, а Александар Љафтов и Филип Савовски по 6 поени.

Репрезентацијата се враќа во Скопје, каде ќе ги продолжи подготовките за претстојните евро-квалификации.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со мечот меѓу Брера и Шкупи, кој ќе...

Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум Костов од МРК Куманово, е лидер на листата на најдобрите стрелци....

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Владо Милев ја заврши својата кариера и заминува во пензија!

Најискусниот играч во македонската машка одбојкарска репрезентација, 39-годишниот Владо Милев, вчера го...

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев и Незири со победа во двојки, Јанев утре против третиот носител

Македонските тенисери Кристијан Јанев и Ерион Незири со победа го започнаа настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!