Турнири

ФОТО: Фреит Оне и IL-MA Montage во полуфиналето на „Ораовица 2025“

Сподели
Сподели

Фреит Оне и IL-MA Montage се последните патници во полуфиналето на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“.

Синоќа екипата на Фреит Оне одигра 1:1 во регуларниот дел против Тобако Лени Плус, но во пенал серијата екипата на Фреит Оне беше подобра со 4:3 и така патува во полуфиналето.

Натпревар кој приреди вистински спектакл, неверојатна атмосфера и одлична навивачка атмосфера.

Вториот меч беше посигурен каде екипата на IL-MA Montage со 2:0 го доби Дивино Босилово и така стигна до полуфиналето.

Во полуфиналето ќе се соочат Мече Дел Шпед против Фреинт Оне и Јанев Пласт со IL-MA Montage.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска фудбалска лига, совладувајќи ја Речица со неверојатни 17:2 на домашен терен...

Ракомет

Вардар денес гостува во Богданци, Младост ќе има поддршка со полна сала

Вечерва во 18 часот во Богданци ќе се одигра натпреварот од третото коло на Супер лигата меѓу Младост и Вардар, се очекува полна...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!