Турнири

Комплетирана групната фаза – стартува осминафиналето на “Ораовица 2025”

Сподели
ФОТО: Михаилов
Сподели

Со одигрувањето на последните натпревари, официјално е комплетирана групната фаза на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“.

Возбудливиот стартен дел од натпреварувањето понуди низа атрактивни дуели, изненадувања и голема борба за секој бод.

Од вечерва, турнирот влегува во елиминациска фаза, односно започнуваат осминафиналните пресметки. Екипите што обезбедија пласман меѓу најдобрите, сега ќе се соочат со уште поголем предизвик – борбата за влез во четвртфиналето.

Очекувањата се дека натпреварите во елиминациската рунда ќе бидат уште поинтензивни и неизвесни, бидејќи секоја грешка може да значи крај на турнирскиот сон.

Во продолжение погледнете ги табелите по групи по комплетирањето на групната фаза, како и распоредот на осминафиналните натпревари.

 

Вечерва два меча ќе се одиграа кај пионерите, Лукас Трејд против Детонит 1 од 20 часот, а од 20:30 часот Вулканизер Џими со Ораовица.

Од 21 часот започнува осминафиналето кај сениорите со мечот меѓу Дивино против Прналија, а од 22 часот Мече Дел Шпед против Баџо Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој турнир.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Атанасиј Трајанов е нов член на КК Работнички

КК Работнички Скопје го потврди ангажманот на младинскиот репрезентативец Атанасиј Трајанов, кој во новата сезона ќе го носи дресот на скопскиот клуб. 20-годишниот...

Прва лигаФудбал

Иван Николов се врати во својот матичен клуб- Брегалница!

И официјално, Иван Николов повторно е дел од својот матичен клуб Брегалница. 24-годишниот играч за врска се враќа во Штип по период во...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!