Турнири

Последната рунда од групната фаза на „Малеш Куп 2025“ донесе голема драма, пресврти и потврда на патниците во елиминациите!

Сподели
Сподели

Под рефлекторите на теренот кај Старата Гимназија во Берово, натпреварите од последниот ден од групната фаза донесоа нови емоции, маестрални голови и извонредна атмосфера. Турнирот продолжува со уште поголем интензитет во елиминациската фаза, но пред тоа – резиме на последните мечеви од групите:

  • Резултати од последниот ден на групната фаза:

Дивиен Казино 0:3 Франкфурт Русиново
Овој натпревар беше регистриран со службен резултат за екипата од Русиново.

Турбо Тим Марлов 7:4 Франкфурт Русиново
Голема голеада! Турбо Тим и Франкфурт Русиново одиграа спектакуларен натпревар со вкупно 11 голови, а „Турбовците“ на крај излегоа како поуспешни.

Митрашинци 3:0 ОФК Малеш – Постоловски
Рутинска и убедлива победа на Митрашинци со која оди во следна фаза.

Турбо Тим Марлов 1:3 М Младост
Цврста и борбена партија на М Младост која обезбеди второ место во групата Б. Турбо Тим, и покрај добрата форма, оди понатаму.

Еклектик 4:2 Паб Делчево – Монополо
Еклектик повторно потврди дека е сериозен кандидат за трофејот, победувајќи го Паб Делчево во директен дуел за првото место.

  • Фаза на елиминации – четвртфинални пресметки:

Возбудувањата продолжуваат со нокаут-дуели кои ветуваат уште поголема напнатост и неизвесност! Екипите што излегоа од групите се вкрстуваат на следниов начин:

ОФК Карбинци (А1) – Турбо Тим Марлов (Б4)
Митрашинци (А2) – Паб Делчево – Монополо (Б3)
Деутз Вих Двориште (А3) – М Младост (Б2)
ОФК Малеш – Постоловски (А4) – Еклектик (Б1)

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан од 2022 година.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!