Турнири

ФОТО: Електро ДМ доминира на „Влатко Петров“ во Чардаклија на два меча постигна 23 гола

Сподели
Сподели

Синоќа во Чардаклија се одиграа четири натпревари, а еден меч се доигра во рамки на меморијалниот турнир „Влатко Петров 2025“.

ФизиоАрт со 8:3 го доби Multifix Битола, од овој меч беше доиграно второто полувреме.

Чардаклија со 7:12 беше поразен во мечот од фаворитот Електро ДМ, а овој тим и во вториот меч однесе висока и убедлива победа од 11:5 над Multifix Битола.

Екипата на Mela Rent a Car со 9:2 го пречека тимот на pUzzle, а во последниот меч немаше победник реми на Штерјов Credy со Хемија (5:5).

Вчера беа присутни министерот за спорт Борко Ристовски, како и пратеници Никола Мицески и Душко Иванов, како и поранешниот борач на Балканец, Трајче Димков кои уживаа во одличните натпревари.

Вечерва на програмата ќе бидат три натпревари. Техногума ќе добие службени бодови бидејќи Бако Транс се откажа од натпреварување, потоа Шкорпон Благица Kitchen од 21 часот, а пак Динамо Штип со СИЕР од 22 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!