ЕП 2025 жениФудбал

Шпанија во финале на ЕП 2025 – Бонмати ја реши Германија по продолженија!

Сподели
ФОТО: UEFA Women's EURO 2025 | facebook
Сподели

Женската фудбалска репрезентација на Шпанија се пласира во финалето на Европското првенство 2025, откако синоќа ја совлада Германија со минимални 1:0 по продолженија, во драматичен натпревар одигран на стадионот „Санкт Јакоб Парк“ во Швајцарија.

Регуларниот дел од натпреварот помина без голови, но не и без возбуда. Двете репрезентации прикажаа цврста и тактички прецизна игра, со малку простор за креација во напад. Германија имаше неколку опасни шанси, особено преку Клара Бил, но шпанската голманка Кол блесна со серија одлични интервенции.

Највозбудливиот момент дојде во 94. минута, кога Кол имаше спектакуларна двојна одбрана, прво скротувајки го ударот на Бил, а веднаш потоа и на Вамсер, со што го спаси својот тим од елиминација.

Решавачкиот момент на натпреварот дојде во 113. минута. По брз напад по десната страна, дел Кастиљо нафрли топка во шеснаесетникот, а Ајтана Бонмати со прецизен и силен удар од десна страна ја матираше германската голманка Ан-Катрин Бергер и го донесе водството за „Ла Роха“.

До крајот на натпреварот, Германките се обидоа да израмнат, но безуспешно – шпанската одбрана остана цврста и сигурна, а Ката Кол уште еднаш ја покажа својата доминација меѓу стативите.

Шпанија ќе игра во финалето на Европското првенство 2025, закажано за 27 јули, каде што ќе се соочи со Англија, која во второто полуфинале ја елиминираше Италија.

Ова е прво финале за Шпанија на европските првенства и реприза на финалето од последното светско првенство.

  • Листа на стрелци:

Естер Гонзалес (Шпанија) – 4

Алексија Путељас (Шпанија) – 3

Кристијана Гирели (Италија) – 3

Лорен Џејмс (Англија) – 2

Ела Тун (Англија) – 2

Џорџија Стенвеј (Англија) – 2

Гордана Кочева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија. Утре ќе бидат одиграни седум натпревари кои стартуваат...

Трета лигаФудбал

Густо на врвот од табелата во Трета лига регион 6 – кои екипи конкурираат за есенски шампион ?

Одиграни осум кола во Трета лига регион 6, а трката за тоа кој да биде есенски шампион станува неизвесна, неколку екипи конкурираат за...

Поврзани написи
КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од...

Фудбал

Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот фудбалски мајстор од Струмица

Струмичкиот и македонскиот фудбал останаа без уште едно големо име. Почина Димитар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!