ФудбалЧетврта лига

Пелагонија Бел Камен со голем триумф над Поешево, високи победи за Јени Маале и Победа Ивањевци

Сподели
Сподели

Третото коло донесе високи и убедливи победа во Општинската фудбалска лига А1 во Битола.

Екипата на Пелагонија Бел Камен однесе висока победа во третата рунда откако со 4:0 славеше над Поешево во Српци.

Милевски и Петковски постигнаа погодоци за 2:0 на полувреме, а во вториот дел Атанасовски и Србиновски ги поставија конечните 4:0.

Јени Маале на теренот во Кукуречани со 3:0 запиша триумф над Партизан, откако Андреј Лозановски постигна гол за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Мустафаи и Симиќ ги поставија конечните 3:0.

Победа Ивањевци на домашен терен беше пресилна над Баир Спорт со 4:0 во меч каде Андреј Паревски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Даниел Паревски и Игор Китанов.

Крошу Спорт со 0:3 го доби дуелот со Црна Река во Чарлија. Во првиот дел мрежите мируваат, а во второто полувреме Александар Ѓорѓиевски беше двоен стрелец, а пак стрелец на вториот гол беше Пеце Наумовски.

Утре ќе бидат одигани натпреварите од четвртото коло, а во рамки на истото Баир Спорт ќе го пречека тимот на Крошу Спорт, Поешево против Црна Река, Партизан ќе игра со Пелагонија Бел Камен, а пак Победа Ивањевци со Јени Маале.

Во однос на табелата Победа Ивањевци е лидер со максимални 9 бодови, Крошу Спорт е втор со седум бодови, а пак Пелагонија Бел Камен е трета со шест бода. На 4. место е Јени Маале со четири бодови, Баир Спорт и Поешево го делат петтото место со по три бодови, а без бодови по три кола се Црна Река и Партизан.

Во однос на ОФЛ А2 лигата во Битола екипата на Докс со 4:1 славеше над Олд Бојс во меч каде Менде Митревски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Дарко Митревски и Гоце Атанасовски, за гостинот погоди Думбаловски.

Пелагонија Трап со 0:2 беше поразена од Новаци 2011, откако за гостинот погодија Јанкуловски и Талевски.

Чагор на домашен терен доживеа пораз од екипата на Лисолај со резултат од 0:3 откако Рафаело Османов беше стрелец на сите три погодоци за гостинската екипа.

Младост со погодоците на Пачовски, Богоевски и Ралевски триумфираше со 3:0 над Могила на домашен терен.

Во однос на следното 4. коло кое се игра утре Олд Бојс ќе биде домаќин на Могила, Лисолај ќе игра со Малдост, Новаци 2011 против Чагор, а пак Доск со Пелагонија од Трап.

Екипата на Лисолај со максимални девет бодови е на врвот од табелата во А2 лигата.

Колку за информирација на читателите на Спортска Мрежа, Општинската фудбалска лига во Битола или Четвртата лига е поделена на А1 и А2 со по осум екипи или вкупно 16, дополнително и Петта лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!