Втора лигаФудбал

Арсими го декласираше Вардарски, Шефити двоен стрелец во Гостивар!

Сподели
Сподели

Со високата и убедлива победа на Арсими од 3:0 над Вардарски беше отворена седмата рунда на Втората лига, која ќе се комплетира утре со останатите седум натпревари.

Арсими беше апсолутен фаворит на овој меч и сосема очекувано дојде до овој висок триумф и прокнижи три бодови на своето конто. Со оваа второлигашот од Чегране ја запиша својата петта сезонска победа, а пак Вардарски го забележа петтиот сезонски триумф со што повратникот од Богданци ќе мора да причека се’ уште за прво сезонско славје.

Арсими тргна одлично и по првите 45 минути игра имаше предност од 2:0 со погодоци на Шефит Шефити кој стрелаше во 5. минута за 1:0 и во 20. минута за 2:0.

Во вториот дел Арсими преку искусниот Шпенд Асани во 64. минута дојде до конечните 3:0.

Барем до утре екипата на Арсими ќе биде лидер на табелата со 15 бодови, а токму утре на Градскиот стадион во Штип ќе се одигра дербито на колото меѓу Брегалница и Кожуф, Башкими во Гостивар ќе ја пречека Победа, Беласица ќе ја бара првата победа против Каменица Саса на домашен терен во Струмица.

Борец ќе го пречека Скопје, Детонит Плачковица во Радовиш ќе игра против Вардар Неготино кој е во резултатска криза, Македонија ЃП ќе го пречека Осогово од Кочани, а пак на „Билјанини Извори“ ќе се соочат Охрид и Новаци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!