Останато

Никола Ѓуретановиќ испиша историја: државен првак во пливање во Македонија и Србија!

Сподели
ФОТО: ПК Вардар 2018
Сподели

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ оствари подвиг за паметење, станувајќи државен првак во две различни држави во рок од само неколку дена.

На Летното државно првенство на Македонија, Ѓуретановиќ доминираше во водите, освојувајќи ги признанијата за најуспешен јуниор и најуспешен пливач во апсолутна категорија. Со блескави настапи во повеќе дисциплини, тој уште еднаш го потврди својот квалитет и статус на најдобар македонски пливач.

Без многу одмор, Никола веднаш отпатува за Србија каде настапи на Летното државно првенство за јуниори и за апсолутна категорија, што се одржа на Олимпискиот базен во Белград (50 метри). И таму Ѓуретановиќ се искачи на врвот, станувајќи државен првак на Србија за јуниори. Вредноста на овој успех е уште поголема ако се знае дека зад себе остави двајца пливачи кои неодамна се закитија со медали на Европското првенство.

Овој успех е доказ за посветеноста, напорната работа и континуираниот напредок на Никола Ѓуретановиќ, кој продолжува да ги руши границите и да ја афирмира Македонија на меѓународната пливачка сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ѓоргиев го доби дербито меѓу Саса и Тиверија Брера, Ристовски пресметката на Скопје и Љуботен

Делегирани судиите за втората рунда од Првата женска фудбалска лига. Сите натпревари се играат в недела, но во различна саатнина. Дербито на колото...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија го одработи првиот тренинг во Виена, во недела следува дуел против Австрија

По пристигнувањето во Виена и краткиот одмор, македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација вечерва го одработи и првиот тренинг во австриската престолнина. Избраниците на...

Поврзани написи
Останато

Милијана Релиќ освои бронза на Светското првенство за жени во Кина!

Македонската таеквондистка Милијана Релиќ освои бронзен медал на Светското првенство за жени,...

Останато

Викендов Иџе ја стартува новата сезоната со нов болид и моќна машина Nova Proto NP01!

Нашиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, викендов ја отвора новата сезона...

Останато

Шахистките на ШК Алкалоид ја освоија шампионската титула на Екипното државно првенство!

Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Европското клупско првенство,...

Останато

Сара Митевска со пораз од фаворитката Матула на Медитеранските игри

Најмладата македонска претставничка на Медитеранските игри во Таранто, тенисерката Сара Митевска, го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!