Трета лигаФудбал

Големи засилувања за Еуромилк ГЛ – поранешниот прволигаш гради тим за враќање во Втора лига!

Сподели
Сподели

Поранешниот прволигаш Еуромилк Горно Лисиче се засили со три нови играчи со кои ќе ја зголемува конкуренцијата во своите редови за новата сезона во Трета лига – Север, а целта на клубот ќе биде враќање во Втората лига.

Клубот ги промовираше Никола Анчевски, Дамјан Зенговски и Јовица Радевски – засилувања кои значително треба да донесат квалитет во тимот од Горно Лисиче.

Анчевски е 20-годишен фудбал кој игра како лево крило и бек, но може да се користи и како играч од средниот ред. Анчевски е повратник во редовите на Еуромилк, а доаѓа од Борец кој испадна од Втора во Трета лига – Југ. Анчевски дресот на екс прволигашот го носеше во период од септември 2023 до јануари 2025 година, кога се пресели во Борец. Претходно, во својата кариера беше дел од Македонија ЃП и Вардар од каде и ја започна кариерата.

Еуромилк ќе биде посилен и за 20-годишниот Зенговски, кој потекнува од школата на Вардар, а минатата сезона во есенскиот дел настапува за Вардарски од Богданци, а пак во пролетниот дел во Борец од Велес, две екипи кои минатата сезона испаднаа во Трета лига.

Искусниот Радевски кој настапува како десен бек ќе претставува сериозно засилување за Еуромилк. 25-годишникот доаѓа од радовишки Детонит Плачковица, а низ својата кариера беше дел од Брегалница, Беса, Каменица Саса, Плачковица, Кадино, Македонија ЃП, Вардар, Работнички и Скопје.

Претходно, како што веќе објави Спортска Мрежа екипата на Еуромлк се засили со Орхан Мифтар и Фати Јусуфи.

Во новата сезона екипата на Еуромилк ќе ја води Драги Стојановски и Зоран Божиновски, подготовките ќе започнат на 3 август, а пак новата сезона во Трета лига – Север каде Еуромилк ГЛ ќе биде прв фаворит за влез шампионскиот пехар ќе започне на 14 септември.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!