Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ прави тим за враќање во Втора лига: Промоција на Орхан Мифтар и Фати Јусуфи

Сподели
Сподели

Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ во новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Север влегува со високи амбиции, освојување на првото место и обезбедување на бараж за можен влез во Втората лига.

Екс прволигашот веќе сериозно работи на градењето на ростерот за новата сезона, клубот од Горно Лисиче ги промовираше искусните Орхан Мифтар и Фати Јусиф што е потврда дека Еуромилк ГЛ сака враќање во Втора лига.

Искусните фудбалери во пакет доаѓаат од БВК Коњаре и носат големо искуство во тимот на Еуромилк ГЛ кој има намери да гради квалитетен тим.

Мифтар е вистински голгетер и најдобар стрелец, а во Еуромилк ГЛ доаѓа со големо искуство и тоа меѓународно. Низ својата кариера Мифтар настапуваше за Риниа, Дрита од Боговиње, Вардар Форино, Тетекс и други домашни екипи, а беше дел од Влазниа во Косово.

Фати последно беше дел од БВК Коњаре, а во минатото има настапувано за Скопје, Вардар Форино, Велазерими од Кичево, Шкупи, Работнички, Вардар и Локомотива.

Во новата сезона во Трета лига – Север ќе се натпреваруваат 14 екипи, а Еуромилк ГЛ ќе биде прв фаворит за влез во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!