Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Љуботен со две нови засилувања – се враќа Анида Идризи, пристигнува и Ајури Тераваки од Јапонија!

Сподели
ФОТО: ЖФК Љуботен
Сподели

Македонскиотшампион ЖФК Љуботен продолжува со амбициозна трансфер политика пред стартот на новата сезона и настапот во Лигата на шампионите.

Тетовскиот клуб ја рати Анида Идризи, поранешна младинска репрезентативка на Македонија до 19 години и една од најголемите надежи на левата бековска позиција. Идризи повторно ќе го облече дресот на Љуботен и ќе биде засилување токму на левата страна во одбраната. Од клубот се надеваат дека камбекот на Идризи ќе донесе стабилност и квалитет на дефанзивниот план, а со тоа и исполнување на поставените цели.

Покрај домашното засилување, ЖФК Љуботен го претстави и своето прво интернационално засилување за оваа сезона – Ајури Тераваки, јапонска фудбалерка која доаѓа од редовите на Жалгирис од Литванија.

Тераваки има значајно искуство во балканскиот фудбал, играјќи за хрватските клубови Ријека, Хајдук, Сплит и Чаковец, а сега ќе биде новата креативна сила во средниот ред на Љуботен. Јапонката важи за играч кој може подеднакво добро да делува и во средината и во нападот, што ќе биде од огромно значење за тетовскиот клуб во претстојната сезона.

ЖФК Љуботен јасно ја демонстрира својата решеност – да создаде конкурентен тим за домашната сцена, но и за настапите на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот во елитното друштво стигна до третата последователна победа, откако во натпреварот...

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!