ФудбалФутсал

Шампионот Форца го гради ростерот – ги задржа искусните Исмаили, Стојановски, Јонузи, Зекири и Рамадани

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион Форца го гради ростерот за новата сезона со задржување и продолжување на соработката со важни играчи од минатата сезона.

Клубот од Куманово кој се подготвува за квалификациите од Лигата на шампионите, а притоа ќе биде организатор и домаќин на групата потврди дека е продолжена соработката со капитенот Таулант Исмаили, со голманот Иван Стојановски, Берат Рамадани, Јасир Зекири како и со Артан Јонузи.

Исмаили е искусен фудбалер кој е важен и клучен во екипата, искусниот голман Стојановски ќе продолжи да го чува голот на Форца, Зекири е „дијамантот“ на клубот, Јонузи кој пристигна во зимскиот преоден рок од претходната сезона останува во Форца, а искусниот Рамадани останува верен и во следната сезона.

Во следниот период раководството на Форца ќе работи на активност градење на ростерот, а низ квалитетни подготовки за новата сезона ќе оди по нови успеси со одбрана на двојната круна во домашниот шампионат, а пак во Европа по предизвиците кои го очекуваат клубот во квалификациите од Лигата на шампионите.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, ждрепката која беше одржана во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија Форца се најде во групата А заедно со Ереван од Ерменија, Енкамп од Андора и С.С. Мура од Сан Марино.

Форца две сезони во низа е шампион во Првата футсал лига на Македонија и го освојува Купот односно двојната круна.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!