Втора лигаФудбал

ФОТО: Големо Коњари ги започна подготовките – договорени и пријателски натпревари

Сподели
Сподели

Новиот второлигаш Големо Коњари ги започна подготовките за новата сезона која ќе започне на 23 август.

Клубот ќе го води Јоваца Блажевски, а ќе му помага Горан Касниоски кој досега го водеше тимот кога стана шампион во Трета лига – Југ минатата сезона.

Како што веќе претходно информираше Спортска Мрежа договорени се и пријателски натпревари за проверка на формата, а првиот веќе е договорен за 24 јули против повратникот во Трета лига – Исток екипата на Победа од Валандово, а пак на 27 јули тест со третолигашот Евротип од Битола, двата меча ќе се играат во Големо Коњари.

Како што веќе објави Спортска Мрежа прва и ексклузивно, најзвучно засилување во тимот на Блажевски ќе биде искусниот Зоран Даноски, а клубот досега како што веќе информираше Спортска Мрежа се засили со голманот Антонио Шекоски кој доаѓа од Кожуф, Валентин Белески од третолигашот Питу Гули кој доаѓа заедно со Бојан Јовески, потоа со Симон Николоски од Победа, како и со Филип Станојоски од Слога Лажани.

Според информациите на Спортска Мрежа стручниот штаб и управата на клубот договараат уште неколку пријателски натпревари со цел максимално темпирање на формата за новата сезона.

Како што веќе информиравме, клубот максимално ја подобрува самата инфраструктура со што клубот добива комплетно реновирани соблекувални, клупски простории, а се уредува и самиот терен со цел да може истиот да исполнува услови за одигрување на второлигашки натпревари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!