Втора лигаФудбал

Димитриј Димитриевски е ново засилување на ГФК Охрид Лихнидос!

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос
Сподели

ГФК Охрид Лихнидос го промовира своето ново засилување – 23-годишниот фудбалер Димитриј Димитриевски. Димитриевски, кој игра на крилните позиции, доаѓа од редовите на штипска Брегалница каде што беше важен играч во последните сезони.

Трансфер кој прв го најави Спортска Мрежа пред неколку дена.

Во својата досегашна кариера, Димитриевски запиша повеќе од 40 настапи во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а неговото искуство и квалитет се докажани на највисоко ниво во македонскиот фудбал. Покрај Брегалница, тој има настапувано и за екипите на Кит Го Пехчево и Македонија ЃП, со кои во сезоната 2021/22 го освои Купот на Македонија.

Димитриј е познат по својата брзина, техничка вештина и способност да создава шанси на крилните позиции, што го прави значајно засилување за офанзивниот дел на тимот на ГФК Охрид Лихнидос. Со неговото искуство и енергија, клубот очекува добри резултати во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!