Втора лигаФудбал

Новиот второлигаш Големо Коњари се засили со младиот голман Антонио Шемкоски

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели

Новиот второлигаш Големо Коњари се засили меѓу стативите со младиот и перспективен голман Антонио Шемкоски.

20-годишникот на голот на Големо Коњари доаѓа од редовите на второлигашот Кожуф од Гевгелија, а новиот второлигаш на голот добива сигурност и стабилност.

Шемкоски всушност е повратникот во Големо Коњари, тој доаѓа во позната средина, а во неговиот прв престој во новиот второлигаш се задржа во период од февруари 2024 до август 2024, односно една пролетна полусезона.

Младиот и одличен голман покрај за Кожуф и Големо Коњари, има настапувано и за прилепска Победа.

Претходно, Големо Коњари, како што прва објави ексклузивно Спортска Мрежа се засили со Зоран Даноски, кој ќе биде најзвучното засилување оваа лето, како и со младите Валентин Белески, Бојан Јовески, Симон Николоски и Филип Станојоски.

Новата сезона во Втората лига ќе започне на 23 август (сабота).

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!