Турнири

Берово ја отвора вратата за елитата – пристигнува „Зегин Опен 2025“!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Од 12 до 14 септември, Берово ќе биде срцето на пинг-понгот во регионот, кога во Спортскиот центар „Македонски Бранители“ ќе се одржи четвртото издание на престижниот меѓународен турнир – „Зегин Опен 2025“.

Турнирот, кој веќе стана традиционален спортски настан во календарот на македонскиот пинг-понг, повторно ќе собере врвни натпреварувачи од земјава и странство, меѓу кои се очекуваат и европски шампиони и олимпијци. Минатата година, специјална ѕвезда беше хрватската олимпијка Ивана Малобавиќ, а годинава се најавуваат уште поголеми имиња.

Организатор на турнирот е ППК Зегин Берово, кој со поддршка од своите партнери и институции вложува максимални напори за настанот да го задржи својот висок рејтинг и да понуди спектакл достоен за Европа.

Наградниот фонд изнесува 18.000 евра, што го прави еден од најатрактивните пинг-понг турнири во регионот!

Настанот е отворен за публика, а љубителите на спортот ќе имаат можност три дена да уживаат во висококвалитетни мечеви, фер-плеј и спортска магија.

Како и минатата година, „Спортска Мрежа“ ќе биде медиумски партнер на турнирот, со најави, видеа и интервјуа од местото на настанот. За сите што сакаат да се потсетат – епизодата од „Зегин Опен 2024“ веќе е достапна на нашиот YouTube-канал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!