Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Јуниорите ја загубија и втората „контролка“ со Швајцарија

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Машката селекција  на Македонија „под 18“ го загуби и вториот контролен натпревар против Швајцарија одигран на „неутрален терен“ во Ботевград. За разлика од првиот, противникот покажа доста повеќе и славеше убедлив триумф (96:76)

Ефикасно доста поскромна игра прикажа селекцијата која ја преводи селекторот Горан Адреевски на втората проверка.

Швајцарија се стекна со солидна предност во првите десет минути од играта (21:14), која до полувремето „порасна“ на (41:30).

Најизедначен беше третиот период од „контролата“ во која нашиот јуниорски тим постигна 24 поени, но успеа да ја намали предноста на противникот само за еден поен (54:64). Но не и да направи нешто повеќе од тоа, Швајцарија ја врати контролата над играта и резултатот во последните десет минути направи исто толкав „вишок“, за конечен плус од 20.поени (96:76).

Во отсуство на капитенот Јаничиќ, Димовски како негов заменик, постигна најмногу поени – 17, имаше и шест скока, додека по 11.реализации имаа Ѓорѓевиќ и Стојановски. Цветковски даде девет, Најков имаше осум, како стартер, Сребров дојде до шест, по четири уфрлија Данев, Малиниќ и Нешовиќ, а Бајалџиев два.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!