Прва женска фудбалска лигаФудбал

Искусната голгетерка Улза Максути го засили шампионот ЖФК Љуботен

Сподели
ФОТО: ЖФК Љуботен
Сподели

Македонскиот шампион ЖФК Љуботен ќе гради тим со кој следната сезона ќе се обиде да ја одбрани двојната круна, но и да оствари голем успех во квалификациите за Лигата на шампионите.

Екипата моментално ја темпира формата во Златибор, Србија, но паралелно се работи и на трансфер-пазарот со ангажман на проверени и сигурни имиња кои треба да го подигнат квалитетот на тимот.

Искусната голгетерка Улза Максути е ново засилување за тетовскиот клуб. Таа доаѓа од Унје Кадин (Турција), носејќи со себе меѓународно искуство. Максути е репрезентативка на Македонија, а 26-годишната стружанка во кариерата настапувала за матичниот клуб АС Јунајтед (Струга) во два наврати, како и за Истатов.

Нејзиниот прв интернационален ангажман беше токму во турскиот шампионат, каде настапуваше во пролетниот дел од сезоната 2024/25, од јануари до јули 2025 година.

Максути ќе биде задолжена за голови во нападот на ЖФК Љуботен, кој добива проверен и сигурен напаѓач што во изминатите сезони редовно беше меѓу најдобрите стрелци.

Како што веќе информиравме, клубот активно работи и на унапредување на инфраструктурата во село Желино. Се врши санација на базата мотел „Плави“, со што ќе се добијат целосно реновирани соби и ресторан, каде што ќе бидат сместени фудбалерките.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!