ФудбалЧетврта лига

Хајдин Мустафаи од Јени Маале најдобар стрелец во ОФЛ Битола, девет фудбалери со по два погодоци!

Сподели
Сподели

По три одиграни кола во Општинската фудбалска лига Битола А1 или Четврта лига по ранг на натпреварување, фудбалерот на Јени Маале Спорт, 24-годишниот Хајдин Мустафаи е најдобар стрелец со три постигнати погодоци.

Јени Маале е хитот во македонскиот фубдал со одличната организација, со одличното менаџирање на официјалните страници на клубот на социјалните мрежи како и со дебитантското учество во Купот на Македонија против прволигашот Шкендија во Тетово.

На листата на стрелци има девет фудбалери со по два погодоци. Зоран Атанасовски од Пелагонија Бел Камен, Александар Ѓорѓиевски од Крошу Спорт, Игор Китанов од Победа Ивањевци, Дејан Колевски од екипата на Поешево, Христијан Милевски од Пелагонија Бел Камен, Антонио Николовски од Поешево и Андреј Паревски, Даниел Паревски и Никола Трајчевски од екипата на Победа Ивањевци.

Дури 16 фудбалери се имаат запишано во листата на стрелци со по еден гол, а фудбалерот на Црна Рекла од с. Долна Чарлија, Пецо Стојчевски си постигна автогол.

Во однос на табелата Победа од Ивањевци има девет погодоци и се наоѓа на врвот од табелата, Крошу Спорт е втор со седум погодоци, Пелагонија Бел Камен е трета со шест погодоци.

Јени Маале е на 4. место со четири погодоци, Баир Спорт е петти со три погодоци, колку што има и тимот на Поешево. Без бодови се екипите на Црна Река и Партизан 2021.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!