Турнири

ВИДЕО: Познати се полуфиналистите на турнирот „Петровден 2025“ – следуваат возбудливи натпревари!

Сподели
Сподели

Во четвртфиналната вечер, пред полни трибини и фантастична атмосфера во Мешеишта, беа одиграни последните два дуели што ги одредија сите полуфиналисти на јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2025“.

Во првиот натпревар, АСП Пак приреди пресврт вреден полуфинале. Иако губеше од мотивираната екипа на Кампинг Љубаништа со 1:2, сепак екипата на АПС Пак одигра дисциплинирано и со триумф од 3:2 обезбеди нова голема победа и пласман меѓу најдобрите четири.

Веднаш потоа, Кафе Бар Коко ја совлада силната екипа на Сатеска со 3:1, во меч каде блесна Марио Благојевски, кој ги постигна сите три погодоци за својот тим. Со оваа победа, Кафе Бар Коко уште еднаш докажа дека е еден од најорганизираните и најубоени колективи на турнирот.

  • Полуфиналните дуели ќе се одиграат во петок (11.07.2025):

21:00 | АСП Пак – Кафе Бар 9
Дуел помеѓу две тимски цврсти и физички подготвени екипи, кои покажаа зрелост и стратегија низ целото натпреварување.

22:00 | Кафе Бар Коко – Хотел и Спа Инекс Олгица
Судир помеѓу технички брилијантниот Кафе Бар Коко и искуството на тимот од Охрид, кој знае како се играат големи натпревари.

Турнирот добива драматична завршница! Публиката во Мешеишта очекува спектакл, а фудбалерите се подготвени да го дадат последниот атом сила за место во финалето.

Останете со Спортска Мрежа, единствениот медиумски покровител на турнирот, за ексклузивни прилози и детални извештаи, како и носење на самата атмосфера од срцето на „Петровден 2025“!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!