Втора лигаФудбал

Осогово со шест контролни натпревари во пресрет на новата сезона во Втората лига

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалскиот клуб Осогово од Кочани ги започнува подготовките за сезоната 2025/26 со јасна цел – стабилен пласман и избегнување на неизвесноста околу опстанокот во Втората македонска фудбалска лига.

Предводени од искусниот стратег Крсте Крстев, „жетварите“ ќе стартуваат со тренинзите на 14 јули, а веќе е познат и распоредот на пријателските натпревари преку кои ќе се темпира формата пред новата сезона.

Кочанчани ќе одиграат вкупно шест контролни мечеви, три во јули и три во август. Генералната проба е закажана против Беласица во Струмица на 16 август, точно една недела пред стартот на првенството (23 август).

  • Распоред на пријателски натпревари:

23 јули: Осогово – Брера Струмица (домашен терен)

26 јули: Вардар Неготино – Осогово (гостински терен)

30 јули: Осогово – Тетекс (дома)

6 август: Осогово – Каменица Саса (дома)

9 август: Осогово – Детонит Плачковица (дома)

16 август: Беласица – Осогово (во Струмица)

Минатата сезона Осогово заврши на 14-тата позиција, во бараж-зоната, иако беше поразен во баражот од Шкендија Арачиново, клубот доби втора шанса преку ждрепка и остана во Втората лига. Токму тоа беше мотив плус за раководството на клубот да се фокусира на создавање на поконкурентен состав.

Меѓу новите имиња се Христијан Митревски, искусен дефанзивец кој доаѓа од редовите на новиот прволигаш Башкими, како и Филип Лазаревски, голман што доаѓа од Вардарски Богданци, за што веќе објави Спортска Мрежа. Од клубот најавуваат уште неколку квалитетни засилувања во следниот период.

Контролните средби ќе бидат од големо значење за воигрување на тимот и влез во натпреварувачки ритам пред официјалниот старт на сезоната, а од клубот апелираат до навивачите да ја дадат својата поддршка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!