ЕП 2025 жениФудбал

Второ коло од ЕП за жени 2025: Германија и Шведска во четвртфинале, Франција и Англија убедливи – следува драма во последното коло

Сподели
ФОТО: UEFA Women's EURO 2025
Сподели

Второто коло на Европското првенство за жени 2025 донесе нова доза на возбудувања, пресврти и доминантни настапи од фаворитите.

Неколку репрезентации веќе обезбедија пласман во четвртфиналето, додека за останатите, сè ќе се решава во последната рунда.

ГРУПА A: Норвешка сигурна, Швајцарија и Финска во директен дуел за второто место

Норвешка 2 – 1 Финска

Гол:

Норвешка: 3′ Нистром (а.г.)

84′ Грахам

Финска: 32′ Севениус

Норвешка запиша втора победа во групата со пресврт против Финска. Финките поведоа, но по автогол и гол на Каролине Грахам Хансен, Норвешка ја потврди својата доминација и обезбеди пласман во четвртфиналето.

Швајцарија 2 – 0 Исланд

Гол: 76′ Рутелер

90′ Пилгрим

Домаќините одиграа тактички зрело и со голови во второто полувреме ја совладаа Исланд, задржувајќи реални шанси за понатаму.

Група A
Држава Бодов
🇳🇴 Норвешка 6
🇨🇭 Швајцарија 3
🇫🇮 Финска 3
🇮🇸 Исланд 0

ГРУПА Б: Шпанија незапирлива, Италија блиску до четвртфинале

Шпанија 6 – 2 Белгија

Гол:

Шпанија: 22′ Путељас

39′ Паредес

53′ Естер Гонзалес

61′ Калденте

81′ Пина

86′ Путељас

Белгија:

24′ Ваневермет

50′ Ерлингс

Шпанките блескаа со доминантна игра. И покрај двапати израмнет резултат од Белгија, актуелниот светски првак немаше милост и веќе е сигурен патник во елиминациите.

Португалија 1– 1 Италија

Гол:

Португалија: 89′ Гомес

Италија: 70′ Гирели

Израмнет и борбен натпревар. Италијанките поведоа, но Португалките израмнија во самиот финиш и остануваат во игра за второто место.

Група Б
Држава Бодов
🇪🇸 Шпанија 6
🇮🇹 Италија 4
🇵🇹 Португалија 1
🇧🇪 Белгија 0

ГРУПА Ц: Германија и Шведска со максимален учинок

Германија 2 – 1 Данска

Гол:

Германија: 56′ Нускен

66′ Шулер

Данска: 26′ Вангсгард

По рано водство на Данска, Германките направија пресврт и со два гола во второто полувреме веќе го обезбедија пласманот.

Полска 0 – 3 Шведска

Гол: 28′ Блекштејниус

52′ Аслани

77′ Хуртиг

Шведска убедливо славеше со сигурна игра и три гола од три различни фудбалерки. Со оваа победа, и тие се сигурни патници во четвртфинале.

Група Ц
Држава Бодов
🇸🇪 Шведска 6
🇩🇪 Германија 6
🇩🇰 Данска 0
🇵🇱 Полска 0

ГРУПА Д: Франција и Англија импресивни, Холандија се надева

Франција 4 – 1 Велс

Гол:

Франција: 8′ Матео

45+’ Диани

53′ Мајри

63′ Гејеро

Велс: 13′ Фишлок

Велс поведе историски, но Французинките со четири гола направија целосен пресврт и ја задржаа лидерската позиција.

Англија 4 – 0 Холандија

Гол:22′ Џејмс

45+’ Стенвеј

60′ Џејмс

67′ Тун

„Лавиците“ беа немилосрдни. Со два гола на Лорен Џејмс и одлична колективна игра, Англија испрати сериозна порака до сите ривали.

Група Д
Држава Бодов
🇫🇷 Франција 6
Англија Англија 3
🇳🇱 Холандија 3
Велс Велс 0
Листа на стрелци
Играч Држава Голови
Естер Гонзалез 🇪🇸 Шпанија 3
Алексија Путељас 🇪🇸 Шпанија 3
Лорен Џејмс Англија Англија 2
Леа Шилер 🇩🇪 Германија 2

Третото коло (10–13 јули) ќе биде одлучувачко за неколку селекции. Во група A, Швајцарија и Финска ќе играат директен дуел за второто место. Во група Б, Португалија ќе се обиде да изненади и да ја совлада Белгија, додека Италија ќе се обиде да издржи против моќната Шпанија.

Од група Ц, Шведска и Германија со веќе обезбеден пласман во директен дуел ќе решаваат за првото место во групата и во групата на смртта Д, патниците за четвртфинале ќе се решаваат со последните натпревари од групната фаза.

Гордана Кочева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!