Турнири

Пријавите се во тек за Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2025“ во Дебреште

Сподели
Сподели

Во чест на Алмир Ибески, и ова лето ќе се одржи традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Алмир Ибески Алмо 2025“, кој ќе се игра во прилепското село Дебреште.

Пријавувањето е во тек, а сите заинтересирани екипи може да се пријават најдоцна до 24 јули 2025 година (до 19:00 часот). Веднаш потоа, во 20:00 часот, ќе се одржи и ждрепката за натпреварите.

Турнирот започнува на 26 јули 2025 година, а бројот на екипи е ограничен на 32, па се препорачува навремена пријава.

Нагадниот фонд годинава ќе биде висок, а истиот е распределен на слединот начин:

Прво место – 240.000 денари
Второ место – 100.000 денари
Трето место – 60.000 денари
Четврто место – 10.000 денари

Ќе бидат доделени и индивидуални признанија:

Најдобар играч – 6.000 денари
Најдобар голман – 4.000 денари

За пријавување и дополнителни информации, контактирајте го Ерсан Алиоски на 071 833 620

Котизација по екипа изнесува 8.000 денари, а натпреварите ќе се играат со професионални судии и бод систем.

И оваа година, продолжува успешната соработка со Спортска Мрежа, која повторно ќе биде медиумски покровител на турнирот, овозможувајќи навремено информирање и медиумска покриеност од сите натпревари и случувања.

Подгответе се за уште едно незаборавно фудбалско лето во Дебреште!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!