Прва лигаФудбал

Башкими не запира со засилувањата – го претстави босанецот Недим Хаџиќ!

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Фудбалскиот клуб Башкими од Куманово, кој оваа сезона ќе дебитира во македонската Прва лига, продолжува со засилување на играчкиот кадар, особено во офанзивниот дел од тимот.

Најново име во редовите на кумановскиот прволигаш е 26-годишниот напаѓач од Босна и Херцеговина, Недим Хаџиќ. Тој доаѓа со богато меѓународно искуство и се очекува да биде значајно офанзивно оружје за Башкими во новата сезона. Хаџиќ фудбалски се формирал во академијата на ФК Сараево, а низ кариерата има настапувано за клубови во Португалија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Последно Хаџиќ беше дел од  хрватскиот НК Оријент 1919, а сега со голем ентузијазам пристигнува во Македонија, каде ќе се обиде да остави силен белег и да помогне на Башкими во остварувањето на прволигашките амбиции.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!