Турнири

Фенербахче Кичево со две победи, но поразен во дербито од Црна Река – нови возбудувања на турнирот во Конче

Сподели
Сподели

На турнирот во мал фудбал во Конче не стивнуваат возбудувањата, а во сениорската конкуренција се одиграа неколку клучни натпревари во рамки на групната фаза. Најголемо внимание привлече дербито помеѓу Фенербахче Кичево и Црна Река од Кавадарци, директна пресметка за врвот во групата.

Сениорска конкуренција:

  • Фенербахче Кичево – Конче 8:1
    Убедлив настап на екипата од Кичево, кои доминираа од почеток до крај.

  • Фенербахче Кичево – Црна Река 2:3
    Возбудливо дерби со висок интензитет, каде Црна Река излезе како победник, што може да биде пресудно во борбата за првото место во групата.

  • Фенербахче Кичево – Стивал Лубница 7:1
    Втора убедлива победа за Фенербахче, со што ја завршија групната фаза со висок број на постигнати голови.

Младинска категорија:

  • Долни Луповик – Ракитец 2:2
    Натпревар полн со борба, без победник, но со четири погодоци и многу емоции на теренот.

  • Дедино – Серта 2 1:4
    Тимот на Серта 2 продолжува со добрите игри, постигнувајќи четири погодоци и освојувајќи важни бодови.

Како што се ближи завршницата на групната фаза, турнирот добива сè поголема динамика и неизвесност. Турнирот е во организација на ФК Серта – Конче, со Спортска Мрежа како медиумски покровител на настанот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!