Турнири

Екипата на Др. Баткоски дисквалификувана, Инекс Олгица со триумф над Бел Мерцедес!

Сподели
Сподели

Вечерва во Мешеишта, иако со службени резултати, беше исполнета со важни настани на и надвор од теренот. Најмногу внимание привлече веста дека екипата на Др. Баткоски е дисквалификувана од понатамошното натпреварување, поради сериозни дисциплински прекршувања.

АСП Пак доби службена победа од 0:3 против Др. Баткоски, откако противникот не прифати одлука на организацискиот одбор. Чардак Велгошти службено со 3:0 против Типлери. Во единствениот одигран меч, Хотел и Спа Инекс Олгица беше подобар од Бел Мерцедес со 0:2

Четврток (3 јули) ќе биде слободен ден – кратка пауза пред стартот на клучните пресметки.

  • Натпреварите продолжуваат во петок (4 јули):

20:30 | Сатеска – Гранит Х
21:30 | Бел Мерцедес – Кафе Бар 9
22:30 | Мешеишта – Здружение на возачи Ресен

Во продолжение, целосно и без измени го пренесуваме соопштението од Организациониот Одбор:

„Организациониот одбор на турнирот „Петровден 2025“ ја информира јавноста дека екипата на Др Баткоски е исклучена од понатамошно учество на турнирот, поради сериозни прекршувања на дисциплинските правила и непочитување на донесените одлуки.

На натпреварот против екипата Чардак Велгошти, играчот Филип Баткоски беше исклучен од игра, при што во текот на инцидентот вербално, со навредливи и недолични изрази, се пресмета со главниот судија Марјан Ецкоски, како и со членовите на Организациониот одбор на турнирот.

Врз основа на сериозноста на прекршокот, Организациониот одбор донесе едногласна одлука да му изрече на играчот Филип Баткоски суспензија од два натпревари.

На следниот натпревар против екипата АСП-ПАК, екипата на Др Баткоски се појави на теренот со ултимативни барања: или да биде намалена суспензијата на нивниот играч на само еден натпревар, или ќе го напуштат теренот. Со овој чин, тимот демонстрираше отворено непочитување кон турнирските правила и интегритетот на натпреварувањето.

Поради ваквото однесување и непочитување на донесените одлуки, Организациониот одбор донесе конечна одлука:
Екипата на Др Баткоски е дисквалификувана од натамошното натпреварување на турнирот „Петровден 2025“.

Организациониот одбор останува посветен на фер-плеј принципите, дисциплината и почитувањето на спортскиот дух како основни вредности на турнирот“, се вели во соопштение од Организациониот Одбор на Турнирот „Петровден 2025“.

Спортска Мрежа останува на теренот, со целосна медиумска покриеност на натпреварите, атмосферата и сите важни моменти од „Петровден 2025“. Следуваат решавачките пресметки – останете со нас!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Новиот шампион Проект со убедлива победа над Осогово, Форца и Бутел пресилни!

Новиот шампион Проект стигна до 18-тата сезонска победа од толку натпревари откако славеше со 3:9 над Осогово во Крива Паланка. За гостинот од...

КупФудбалФутсал

Футсал спектакл во Гевгелија: Проект и Кеги Моби во битка за Куп трофејот

Утре со почеток од 20:30 часот, салата во Гевгелија ќе биде центарот на македонскиот футсал, каде ќе се одигра големото финале од Купот...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!