Турнири

Вечерва паднаа многу погодоци на турнирот во Конче – најмногу на мечот меѓу Валентина Промет и Ресторан Гринс

Сподели
Сподели

„Петровденскиот турнир“ во Конче продолжува со интензивно темпо и возбудливи натпревари, како во сениорска, така и во детска конкуренција. Под рефлектори и пред бројна публика, се одиграа неколку интересни мечеви со солидна резултатска продукција.

Во детската категорија, екипата на Кристофер Киснер славеше во ефикасно дерби против Лепотани со резултат 6:4, во натпревар исполнет со ентузијазам, борбеност и млади фудбалски таленти.

Во сениорска конкуренција, беа одиграни три натпревари. Екипата на Тобако Јаков доживеа пораз од 1:3 од екипата на Рент а Кар Меда, екипата позната како Стара Гарда отсега натпреварите ќе ги игра под новото име Рент а Кар Меда.

Валентина Промент загуби од Ресторан Гринс со резултат од 3:7. Гринс дојде до прва победа откако во претходниот натпревар загуби од Фурна Марфи.

Тобако Јаков со минимаални 1:0 го доби Изведен Ораовица. Тесна, но значајна победа за Тобако Јаков во вториот нивен натпревар на турнирот.

Организацијата на турнирот ја води ФК Серта – Конче, а во сениорската конкуренција се натпреваруваат екипи од цела Македонија, меѓу кои има и актуелни или поранешни репрезентативци од футсал селекцијата.

Турнирот ќе трае до 12 јули, кога ќе се одигра големото финале по повод празникот Петровден, а Спортска Мрежа секојдневно ќе известува со резултати, извештаи и анализа од сите фази на натпреварувањето.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!