Втора лигаФудбал

Сашо Дуков и Кожуф се разделија, искусниот голгетер ќе има нов клуб!

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели

Искусниот голгетер Сашо Дуков ќе има нов клуб, откако 30-годишниот фудбалер и Кожуф не се договорија за продолжување на соработката во новата сезона.

Дуков во Кожуф се задржа една полусезона откако во зимскиот преоден рок пристигна од редовите на Охрид. Дуков беше најдобар стрелец и во Охрид во есенскиот дел, а во пролетниот дел стана најдобар стрелец за Кожуф, вкупно постигна 14 погодоци и беше клучен играч за конечниот пласман на второлигашот од Гевгелија.

Дуков претходно настапуваше за Каменица Саса, каде исто така беше најдобар стрелец и практично ги спаси „рударите“ од испаѓање, а низ својата кариера има настапувано и за Силекс, Пелистер, Росоман, Вардар Неготино, Тиквеш, кичевски Напредок, а настапуваше и во Србија за тимот на Београд.

Според информациите на Спортска Мрежа, Дуков е „мета“ на неколку екипи кои се во трка за неговиот потпис, а се очекува во следниот период да биде познато каде ќе ја продолжи својата кариера.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!