Турнири

Тобако Лени убедлив против Фенербахче, Гостилница кај Џек со пораз и победа – вечер на контрасти на „Благој Истатов 2025“

Сподели
Сподели

На Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ сè повеќе се вжештува атмосферата – натпреварите влегуваат во клучната фаза, а секој бод е од огромно значење за пласманот во нокаут-фазата. Вечерта понуди изненадувања, голови и голема борба на секој дел од теренот.

Во дербито на групата Б, Тобако Лени Плус забележа голема и важна победа со резултат 1:3 над Фенербахче. Гостилница кај Џек вечерва одигра два натпревара. Прво, во отворен и динамичен дуел ја совлада екипата на Импулс Радио со 7:4, благодарение на брза игра и ефикасен напад.

Сепак, во вториот натпревар на истата вечер, Гостилница кај Џек беше изненадена од ФК Дрвош, кој славеше со 2:4, во меч што покажа дека заморот и интензитетот се сериозен фактор на турнирот.

Во рамки на натпреварите за најмладите, тимот на Авелино ја прегази екипата на Конче со високи 8:1, демонстрирајќи дисциплинирана и организирана игра која вети многу за завршницата на турнирот.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан кој се одржува во Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

Поврзани написи
Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!