Прва лигаФудбал

Арсими со ново засилување: Армин Бешагиќ ја засилува средната линија

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Новиот прволигаш Арсими продолжува со креирање на конкурентен тим за сезоната 2025/26, ангажирајќи го босанскиот фудбалер Армин Бешагиќ како ново засилување за средниот ред.

27-годишниот Бешагиќ е фудбалер со богато искуство во фудбалот на Босна и Херцеговина. Во досегашната кариера настапуваше за реномирани клубови како Сараево, Искра, Бихаќ и Игман Коњиц, каде што го покажа својот квалитет и сигурност во организацијата на играта.

Со неговото пристигнување, Арсими добива стабилност во средината на теренот, што е особено важно за екипа која се подготвува за своето деби во најсилната македонска лига.

Од клубот му посакаа добредојде на Бешагиќ, изразувајќи уверување дека новото засилување ќе биде значаен дел од тимот кој има амбиција да остане во елитата и да се наметне како сериозен противник за секој ривал.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!