Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера пресилна за Истатов, Димитровска со три гола, Максути со пет гола во мрежата на Речица!

Сподели
Сподели

Во рамки на шестата рунда од Првата женска фудбалска лига највисока победа однесе Тиверија Брера која со 8:0 славеше над Истатов во меч каде Гоја и Николовска беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Копли, Недева, Ѓорѓиева и Јосифова.

Љуботен на домашен терен однесе нова победа откако шампионот со 4:0 го декласираше Топ Гол. Колумбијката Паулза Алехандра Валбуена Новоа постигна два гола, а по еден гол постигнаа Колумбијката Ингрид Јулиет Видал Исаза и Хава Мустафа.

Ас Јунајтед на домашен терен во Струга се соочи со Речица во меч на тотална доминација на домашиот тим, а свое шоу имаше искусната голгетерка Улза Максути која постигна пет гола, а еден гол беше дело на Оливера Цоклеска.

Повратникот во елитата Атлетико на домашен терен беше надигра од фаворитот Каменица Саса со резултат од 1:4. Ана Димитровска постигна три гола, а првиот дел беше дело на Бразилкта Туане Де Соуза Фрагосо.

За домашниот тим единствен стрлец беше Милица Мелиса Димитриоска во 90. минута.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 8. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!