Турнири

Промовирано новото лого на турнирот во мал фудбал во Ораовица

Сподели
ФОТО: Новото лого на турнирот во Ораовица, со екипи кои учествувале во минатото
Сподели

Пријавите за учество на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“ по повод одбележувањето на големиот празник Илинден се во тек. Пријавувањето е отворено д 14 јули, а котизацијата е 4.000 денари.

За овогодинешното издание организаторите решија да го промовиран новото лого кое ќе стане препознатлив симбол на турнирот кој годинава ќе го има своето деветто издание.

„Гордо ви го претставуваме официјалното лого на ,,Турнирот во мал фудбал Ораовица”- спој на спортски дух, локална традиција и македонски идентитет. Фудбалерот во центарот претставува борбеност, страст и натпреварувачки дух. Црковните силуети се симбол на препознатливоста, духовноста и историјата на Ораовица. Планината „Изведен“ е гордост на природна убавина. Краците зад планината се инспирација од Сонцето од Кутлеш – елемент што го поврзува турнирот со македонската историја. 2016 – основање на турнирот и почеток на нова спортска традиција. Логото е идентитет, историја, чест и традиција која ќе се пренесува од генерација на генерација. Благодарност до основачот на официјалното лого- што ќе остави трајна вредност за сите генерации. Благодариме – Димитриј Стојменов“, велат организаторите на турнирот во радовишкото село Ораовица за Спортска Мрежа.

За учество на „Ораовица 2025“ можете да пријавите на 078 433 987, 071 250 418, како и на 072 595 863.

Спортска Мрежа годинава за првпат ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан, преку известување од фазата на елиминации до големото финале.

Турнирот се организира од страна на ФК Изведен, со поддршка од Општина Радовиш, која е генерален покровител на настанот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Лидерот Скопје ја доби Саса, сигурни и убедливи победи Тиверија Брера и Љуботен

Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над Каменица Саса и чекори сигурно кон освојување на титулата во Првата...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!