Прва лигаФудбал

Башкими го претстави Давид Манасиевски како ново засилување во тимот!

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

По враќањето во македонската фудбалска елита по цели 15 години, екипата на Башкими од Куманово активно работи на формирање конкурентен тим за новата сезона. Последно играше за Тиквеш каде минатата сезона одигра 20 натпревари и даде 1 гол.

По враќањето на искусниот Армед Алими во матичниот клуб по речиси две децении, клубот денеска официјално го претстави и Давид Манасиевски како ново засилување.

Дваесет и три годишниот играч за врска, кој претходно настапуваше за Силекс, Македонија Ѓорче Петров и Тиквеш, одлучи да се врати во родниот град и да го облече дресот на Башкими, каде ќе има важна улога во средниот ред.

Фановите во Куманово имаат причина за возбуда – клубот не само што се враќа, туку се враќа со јасна визија, сериозни засилувања и желба да се претстави во најдобро светло.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе „отпишаните“ Големо Коњари, Слога Виница и Победа, во листата влегува и...

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!