ИнтернационалциФудбал

Тодороски ја продолжува кариерата во албанскиот Фљамуртари

Сподели
ФОТО: ФК Фламуртари
Сподели

Македонскиот десен бек Тодор Тодороски ќе има нов фудбалски предизвик откако потпиша договор со амбициозниот албански клуб Фљамуртари. 26-годишниот фудбалер од Прилеп, по одреден период без клуб, се враќа на сцената со желба да ја рестартира кариерата во полн ек.

По разделбата со Политехника Јаши во 2024 година, Тодороски беше во потрага по средина каде што ќе добие континуитет и доверба, а раководството на Фљамуртари препозна потенцијал и искуство во неговиот профил. Претходно, Тодороски беше дел од неколку клубови ширум Европа, а настапуваше и во Првата македонска лига, каде ги носеше дресовите на Вардар и Металург.

Тој има и шест настапи за сениорската репрезентација на Македонија, што дополнително говори за неговото искуство и квалитет. Со преселбата во Влора, тој ќе се обиде да ја стабилизира својата форма и да се наметне како клучен играч во новата средина.

Инаку, во редовите на Фљамуртари веќе се наоѓа и македонскиот репрезентативен голман Игор Алексовски, кој исто така летово се пресели во клубот од Влора, а за што веќе информираше Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството во Првата женска фудбалска лига, откако „црвено-црниот“ дрес го облекуваат Елма...

Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров 2 и Спартак, откако двете екипи ремизираа играјќи 23:23. „Лавиците“ постојано...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!