Турнири

Познати екипите и групите на „Петровденскиот турнир“ во Конче – доаѓаат екипи од цела Македонија!

Сподели
Сподели

Познати се сите екипи кои ќе земаат учество на овогодинешното издание на „Петровденскиot турнир“ во општина Конче.

Вкупно 19 екипи, поделени во четири групи, од кои три групи со по пет екипи, а една група со по четири екипи ќе водат битка за шампионскиот пехар вреден 180.000 денари.

Во групата А се сместени четири екипи, а тоа се Конче, Фенербахче од Кичево, Љубница – Стивал и екипата на Црна Река од Кавадарци.

Во групата Б се екипите на Пешо Инжинеринг од Струмица, Изведен од Ораоица, Стара Гарда, Тобако Јаков и Кукла од Куклиш.

Во групата Ц се сместени екипи на Радио Имплус од Струмица, Фенербахче од Струмица, Наум Техника од Радовиш, Скара Гоне од Радовиш, ФИ Промет од Радовиш.

Во групата Д се сместени четири екипи сите од Радовиш, а тоа се Фурна Марфи, Вртешка нема грешка, Фреит Оне, Ресторан Гринс и Валентина Промет.

✅ Структура:

🔹 4 групи × 5 екипи
(Групи А, Б, Ц и Д)
▶️ Секој тим игра 4 натпревари во групната фаза.
🔹 Пласман: Од секоја група првите 4 екипи одат во елиминациона фаза → 8-финале (16 екипи)

🧩 Шема за вкрстување (осминафинале):

Натпревар Пар
1/8 финале 1 1A – 4B
1/8 финале 2 2C – 3D
1/8 финале 3 1C – 4D
1/8 финале 4 2A – 3B
1/8 финале 5 1B – 4C
1/8 финале 6 2D – 3A
1/8 финале 7 1D – 4A
1/8 финале 8 2B – 3C

➡️ На овој начин:
Првите не играат со вторите од својата група (се избегнува вкрстување со исти)

🏆 Натамошна елиминација:

Фаза Пар

1/4 финале 1 Поб. 1 – Поб. 2
1/4 финале 2 Поб. 3 – Поб. 4
1/4 финале 3 Поб. 5 – Поб. 6
1/4 финале 4 Поб. 7 – Поб. 8

| 1/2 финале 1 | Поб. (1/4 фин. 1) – Поб. (1/4 фин. 2) | | 1/2 финале 2 | Поб. (1/4 фин. 3) – Поб. (1/4 фин. 4) |

| Финале | Поб. (1/2 финале 1) – Поб. (1/2 финале 2) |

🥉 Малото финале: поразени од полуфинале за 3. место.

Спортска Мрежа за првпат ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан, со што започува нашата соработка. Како што веќе објавивме, првото место ќе се бори за парична награда од 180.000 денари, за второто место е предвидена награда од 80.000 денари, третопласираната екипа ќе освои 40.000 денари, а пак четвртиот ќе добие 10.000 денари.

Покрај екипните награди, организаторите ќе доделат и индивидуални признанија – ваучери за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман.

Општина Конче е подготвена за овој голем спектакл – сите патишта ќе водат кон Конче каде ќе можете да проследите квалитетни и атрактивни натпревари од екипи од цела Македонија под рефлектори.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!