Прва лигаФудбал

Работнички со нов пораз во подготовките, загуби од косовски Балкани во Охрид

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Македонскиот претставник во квалификациите за Конференциската лига, екипата на Работнички, продолжува со подготовките за европскиот предизвик, но резултатите од пријателските натпревари засега не одат во прилог на „романтичарите“ од Дебар Маало.

Во последниот контролен натпревар одигран во Охрид, Работнички беше поразен од косовскиот шампион Балкани со резултат 2-0. Натпреварот се одигра на стадионот „Билјанини Извори“, а стрелци на головите за гостите беа Толај и Диене, кои ја искористија својата надмоќ во второто полувреме.

Ова е втор пораз за Работнички во подготовките, откако претходно беа убедливо совладани од Партизани Тирана со 0-3, што дополнително отвора прашања околу формата и подготвеноста на тимот непосредно пред настапот во Европа.

Работнички во првото коло од квалификациите за УЕФА Конференциската лига ќе се сретне со белорускиот претставник Торпедо Жодино – натпревар со голема важност за македонскиот фудбал, но и за самата екипа која има амбиции да оди подалеку во натпреварувањето.

Првиот натпревар против Торпедо е закажан за почетокот на јули, а до тогаш, Работнички ќе има уште неколку денови да ја подигне формата и да ги надмине слабостите забележани во пријателските дуели.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски проблеми, поради кои е доведено во прашање неговото понатамошно функционирање и...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната играчка кариера направи нов чекор во ракометот и започна ново поглавје...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!