Ракомет

Еурофарм Пелистер пред нови европски предизвици – познати ривалите во Лигата на шампионите

Сподели
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и оваа сезона ќе биде дел од најелитното ракометно натпреварување – Лигата на шампионите. Ова ќе биде трет последователен настап на битолскиот клуб во елитата, а вторпат по ред го добива настапот преку т.н. „вајлд-карта“, откако ја освои домашната Суперлига.

На денешната ждрепка што се одржа во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена, беа извлечени групите за новата сезона. Еурофарм Пелистер се најде во исклучително тешка Група Б, каде ќе се соочи со вистински ракометни гиганти.

Противници на македонскиот првак ќе бидат актуелниот европски шампион Магдебург, шпанската Барселона и францускиот ПСЖ – клубови кои редовно се во највисокиот врв на европскиот ракомет. Покрај нив, Пелистер ќе се бори и против полскиот шампион Висла Плоцк, силниот дански ГОГ Гудме, како и добро познатиот регионален ривал – ППД Загреб од Хрватска.

Група А: Алборг, Фуксе Берлин, Веспрем, Киелце, Нант, Динамо Букурешт и Спортинг Лисабон.

Група Б: Висла Плоцк, Барселона, ПСЖ, ГОГ Гудме, Магдебург, ПИК Сегед, Загреб, и Еурофарм Пелистер.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Тиквеш по пресврт во „Јасмин“, брка второ коло: Еш носи +3 во реваншот!

Тиквеш вечерва го игра реваншот против Еш од Луксембург во првото коло од ЕХФ Европскиот куп, во натпревар во кој кавадарчани ќе бркаат...

Втора лигаФудбал

ПОБЕДНИЧКО ФОТО: Новаци со голем скок, од дното до седмо место во Втора лига

Екипата на Новаци стигна до втората сезонска победа, откако славеше во Гевгелија над Кожуф со голот на Христијан Драгарски со минимални 0:1, во...

Поврзани написи
Ракомет

Тиквеш по пресврт во „Јасмин“, брка второ коло: Еш носи +3 во реваншот!

Тиквеш вечерва го игра реваншот против Еш од Луксембург во првото коло...

Ракомет

Томовски повторно двоцифрен, Македонецот продолжува да блеска во Бундеслигата!

Мартин Томовски повторно имаше значајна улога меѓу стативите за Битигхајм, иако неговиот...

Ракомет

Вардар без проблеми го освои Богданци, Младост немоќен за изненадување

Актуелниот шампион Вардар рутински ја заврши задачата против Младост, славејќи со 44-34...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!